сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 91
home Вести

Членките на НАТО договорија фонд од милијарда долари за нови технологии

Членките на НАТО договорија фонд од милијарда долари за нови технологии

Министрите за одбрана од 17 земји членки на НАТО денеска се согласија до јуни следната година да формираат фонд за развој на нови технологии.

Фондот за иновации со најмалку една милијарда евра ќе инвестира во технологии што би можеле да се користат во одбраната и безбедноста.

-Заедно ќе обезбедиме безбедност за нашите народи во светот што брзо се менува, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по дводневниот министерски состанок во Брисел.

Пример за таква технологија е хиперсоничната пропулзија, што, исто така, ја развиваат Кина и Русија, како и автономните авиони и другите роботски системи.

Претходно оваа недела, министрите се согласија за нов одбранбен план против различните видови напади од страна на Русија, која денеска соопшти дека покажала дека е во право кога ги прекинала контактите со НАТО.

Русија пред неколку дена ги затвори својата мисија на НАТО во Брисел и мисијата на НАТО во Москва, откако Алијансата протера деветмина Руси осомничени за шпионажа.

-Под овие околности, нема потреба од дијалог, кој уште еднаш го потврди (усвојувањето) на таквиот концепт, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. (МИА)

Коронавирус