понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 133
home Вести

Четвртина милион луѓе досега починале од коронавирусот

Четвртина милион луѓе досега починале од коронавирусот

Најмалку 250.000 луѓе досега починале од пандемијата на коронавирусот во светот, покажуваат податоци на универзитетот Џонс Хопкинс.

Поголемиот дел од новите смртни случаи и зарази пријавени во последниве денови доаѓаат од Северна Америка и европските земји, но бројот се зголемува и во помали бази во Латинска Америка, Африка и Русија, пренесува „Гардијан“.

На глобално ниво, во изминатите 24 часа регистрирани се 3.062 нови смртни случаи и 61.923 новозаразени, со што вкупниот број достигна 3,58 милиони.

Експертите изразија загриженост дека достапните податоци го намалуваат вистинското влијание на пандемијата, наведува британскиот весник.

Коронавирус