четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Четврти ден по ред намален број заразени во Германија

Четврти ден по ред намален број заразени во Германија

Во Германија, во изминатите 24 часа, потврдените случаи на заразени со новиот коронавирус се зголемени за 3.677 и до денеска има вкупно 95 391.

Новите случаи за вчерашниот ден беа 5.936. Тоа укажува дека веќе четврти ден по ред има намалување на новите случаи регистрирани во еден ден. Тоа се податоците од Институтот „Роберт Кох“ за заразни болести.

Смртните случаи се зголемија за 92 на 1.434.

Коронавирус