недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 247
home Вести

Четворица ученици обвинети за планирање масакр во училиште во Пенсилванија 

Четворица ученици обвинети за планирање масакр во училиште во Пенсилванија 

Четворица ученици од Пенсилванија се обвинети дека планирале напад врз нивното средно училиште во пресрет на 25-годишнината од масакрот во Колумбајн, беше соопштено од канцеларијата на окружниот обвинител.

Масакрот бил планиран за 20 април 2024 година, а во објавата на окружното обвинителство се наведува дека не постои активна закана за гимназијата Данмор, јави Си -Ен -Ен.

Двајца средношколци се обвинети како возрасни поради „сериозната природа на обвинението“, додека другите двајца ученици се обвинети како малолетници, се вели во соопштението на окружниот обвинител. Двајцата обвинети како возрасни, Алиса Кучарски и Завијер Луис имаат по 15 години и се обвинети за нелегално поседување и производство на оружје за масовно уништување, терористички закани со намера за тероризам, тежок напад, поседување експлозив и криминални заговори.

Кучарски исто така е обвинета за ризикување катастрофа, а во извештајот се наведува дека Кучарски и Луис се здружиле за да ги повредат учениците од гимназијата Данмор „во стилот на Колумбајн“. На 20 април 1999 година, двајца ученици вооружени со бомби извршија напад врз средно училиште во Колумбајн, Колорадо, при што загинаа 13 и ранија 23 луѓе, пред да се самоубијат. Пукањето во Колумбајн е едно од најголемите масовни пукања во историјата на САД, како и една од најсмртоносните епизоди на школско насилство. (МИА)

Локални избори 2021