среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 166
home Вести

Четворица пратеници заразени од коронавирусот

Четворица пратеници заразени од коронавирусот

Албанските власти утрово ги потврдија првите случаи на коронавирус во земјата, додавајќи дека станува збор за татко и син кои неодамна се вратиле од Италија.

„Двајцата се во стабилна ситуација и немаат никакви компликации“, кажа албанскиот министер за здравство.

Франција исто така ги забрани сите собири со најмалку илјада луѓе откако уште двајца пратеници во Националното собрание се заразиле со коронавирус, со што нивната бројка порасна на четири.

„Владата ќе објави листа настани корисни за нацијата што ќе можат да продолжат да се одржуваат, како демонстрации“, изјави министерот за здравство Оливје Веран.

Со 1.100 заразени и 19 починати од КОВИД-19, Франција е втората најпогодена европска држава, зад соседот Италија, која вчера стави во карантин 16 милиони луѓе во 15 северни и централни региони. Во Италија вчера починале 133 луѓе, што е пораст од 57% во еден ден, додека бројката заразени се покачи од 5.061 на 6.387.

И германските власти повикаа на откажување на поголемите настани, откако бројката заразени надмина 900.

Во САД сега има повеќе од 500 заразени и 21 починат, при што беше донесена одлука за откажување на тенискиот турнир во Индијан Велс, еден од најпознатите од Мастерс серијата.

Бројките и натаму паѓаат во Кина, каде што вчера имало само 40 новозаразени и 22 смртни случаи.

Коронавирус