среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 144
home Вести

Четворица британски европратеници ја напуштија Партијата Брегзит

Четворица британски европратеници ја напуштија Партијата Брегзит

Британската Партија Брегзит денеска соопшти дека четворица нејзини членови, кои се и пратеници во Европскиот парламент, ја напуштиле партијата за да ја поддржат владејачката конзервативна партија на британските избори на 12 декември.

Партијата Брегзит на почетокот од годинава ја формираше Најџел Фараж, чија долгогодишна интензивна кампања против членството во ЕУ одигра голема улога во одржувањето референдум во 2016 година, на кој Британците изгласаа излез од Унијата.

На последните европски избори, кои се одржаа во мај, партијата оствари добар успех, но според анкетите на јавното мислење забележа пад на својата популарност откако одлучи да не им се спротивставува на конзервативните пратеници на премиерот Борис Џонсон, со цел да не дојде до поделба на гласовите за Брегзит. (МИА)