понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Четири жени ја тешат кралицата додека жали за Филип: Тие се лојални а не се ниту Кејт ниту Камила

Четири жени ја тешат кралицата додека жали за Филип: Тие се лојални а не се ниту Кејт ниту Камила

Откако во петокот Бакингемската палата објави дека почина принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета Втора, следеа пораки на сочувство и поддршка од целиот свет. Сепак, само одреден број луѓе се наоѓаат до кралицата во момент на голема тага, а меѓу нив има и четири верни и сигурни жени.

Расплаканата Софија, грофицата од Весекс ја опиша кралицата како „неверојатна“ додека таа и нејзиниот сопруг принцот Едвард ја тешеа во Виндзор.

Двојката прва ја посети кралицата во момент на голема тага, а додека го напуштаа замокот, Софија била видно вознемирена.

Таа е една од четирите верни, дискретни и исклучително сигурни жени од потесниот круг на кралицата кои ја поддржуваат додека се соочува со животот без својот сакан Филип.

Исто така, во оваа основна група на доверливи луѓе се и нејзината ќерка принцезата Ана, пријателката од детството на кралицата Лејди Памела Хикс и стилистката на кралицата Ангела Кели, пренесува Дејли Мејл.

– Софија е како втора ќерка на кралицата, тие се многу блиски. На неа и веруваат и се потпираат – изјави извор близок до кралското семејство.

Кралицата Елизабета и Софија се слушаат барем еднаш на ден, а во сабота попладне редовно уживаат во старите филмови.

Сепак, расположението вчера било сосема поинакво, а британските медиуми пренесуваат дека Софија со насолзени, црвени очи низ спуштениот прозорец на автомобилот рекла дека „кралицата е неверојатна“.

Зборувајќи за „бандата“ жени најблиску до кралицата, кралскиот извор рече дека „она што сите го делат е крајната лојалност кон нејзиното височество, но и можноста да се биде искрен со неа – нешто што е ретко во кралските домаќинства. “

Коронавирус