понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 71
home Вести

Четири ракети истрелани кон американската амбасада во Багдад

Четири ракети истрелани кон американската амбасада во Багдад

Најмалку четири ракети се истрелани кон американската амбасада во силно заштитената „Зелена зона“ во Багдад, соопштија денеска двајца неименувани ирачки безбедносни претставници.

Официјалните лица соопштија дека три ракети паднале во просторот на американската амбасада, а една од нив погодила училиште кое се наоѓа во блискиот станбен комплекс.

Во соопштението на ирачката армија се наведува дека во нападот се повредени една девојка и една жена, како и дека ракетите биле лансирани од населбата Дора во Багдад.

Очевидци тврдат дека го слушнале одбранбениот систем на амбасадата C-RAM, кој треба да открие и уништи дојдовни проектили, артилерија и минофрлачки гранати за време на напад.

Ова е последен во серијата напади со ракети и беспилотни летала од почетокот на годината, а се насочени кон американското присуство во Ирак. Минатиот четврток, серија напади беа извршени врз американските војници во Ирак и Сирија.

Коронавирус