четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Четири лица загинаа, а 240 се спасени при превртување на ферибот на Филипини

Четири лица загинаа, а 240 се спасени при превртување на ферибот на Филипини

При превртување на ферибот што патувал од пристаништето Реал, кое се наоѓа 70 километри источно од филипинскиот главен гард Манила, до островот Полило, загинаа четири лица, седуммина се водат како исчезнати, а 240 се спасени, меѓу кои има и повредени.

Несреќата се случила поради бурата и обилни дождови. На фериботот се наоѓале 251 лице.

Крајбрежната стража наведе дека, фериботот со тежина одП 206 тони, не бил претоварен, бидејќи имал капацитет за 286 лица, како и дека нема детални информации како се случила несреќата.

Спасувачката акција, во која учествуваат чамци на крајбрежната стража и воени хеликоптери, ја попречуваат лошото време и високите бранови.

Коронавирус