сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 90
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Четири лица починаа на крузер на Панама, 138 имаат симптоми на коронавирус

Четири лица починаа на крузер на Панама, 138 имаат симптоми на коронавирус

Крузерот „Зандам“, на кој се сместени над 1.800 луѓе во близина на Панама, е во трка со времето да ги префрли здравите патници на друг брод, откако четири лица починаа од коронавирус.

Сопственикот на крузерот, компанијата „Холанд Америка“, соопшти дека повеќе од 130 луѓе на бродот кажале оти имаат симптоми слични на грип, како и проблеми со дишењето.

„Холанд Америка“ наведува дека планира да ги префрли здравите патници во сестринскиот брод „Ротердам“, кој исто така се наоѓа кај западно-пацифичкиот брег на Панама.

„Зандам“ планира да исплови низ каналот Панама кон Карипското Море, а потоа да продолжи кон Флорида.

Панамските власти соопштија дека ниту еден брод со потврдени случаи на коронавирус не може да го премине каналот.

– Pродолжуваме да работиме со властите во Панама за да добиеме одобрение да поминеме низ Панамскиот канал и да запловиме кон Флорида – соопшти компанијата „Холан Америка“.

На бродот има 1.243 патници и 586 членови на екипажот, вклучително и четворица доктори и четири медицински сестри.

Крузерот „Зандам“ исплови од Буенос Аирес, во Аргентина, на 7 март.

Коронавирус