вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 193
home Вести

Четири девојчиња се лечеле од рак и заедно го победиле

Четири девојчиња се лечеле од рак и заедно го победиле

Четири девојчиња, кои пред три години се лекувале од рак во Детската болница Џон Хопкинс во Св. Петерсбург, Флорида, Меккинли, Клои, Ава и Лаурен, деновиве повторно се сретнаа за да се фотографираат и да го одбележа Денот на борба против ракот.

Сега тие се на возраст од 4 и 5 година и ова е прва година кога сите се во ремисија, односно дека немаат знаци на болест, а лекарите кои ги третираа велат дека во најлошите моменти на лекувањето тие се потпирале силно една на друга и си помагале за полесно ги совладаат тешките последици од терапијата што ја примиле.

Меккинли, Ава и Лаурен имале акутна лимфобластна леукемија, а Клои била со ретка форма на рак на белите дробови. Последна со лечењето завршила Лорин.

„Сите беа под силни терапии кога првпат се фотографираа заедно, како мали бебиња без коса, и јас сум навистина изненадена што гледам како изгледа денес”, вели Алиса Лучијано, мајката на Ава.

Мајка на Лаурен, Шона Глин, вели дека девојчињата станале добри пријателки затоа што биле келави.

„Сите деца со кои се дружеа имаа коса, па изгледаа чудно меѓу врсниците, додека тие четири во болницата беа исти и тоа силно ги поврза“, вели Шона Глин.

Карен Мур, мајката на Меккинли, вели дека девојчињата и неа и биле голема утеха и дека стекнала многу пријатели на детскиот оддел на болницата.

„Луѓето овде се приврзуваат, како што често сте овде ви олеснува кога ќе видите познатата личност”, вели Карен, додавајќи дека и мајките на храбрата четворка се здружиле и станале пријателки.

„Тоа е добро чувство да се поврзете со луѓе кои поминуваат низ исто што и вие”, вели таа.

Локални избори 2021