петок, 30. јули 2021. Вести денес: 109
home Вести

Чешкиот Парламент го одобри порастот на буџетскиот дефицит на девет отсто од БДП

Чешкиот Парламент го одобри порастот на буџетскиот дефицит на девет отсто од БДП

Долниот дом на чешкиот Парламент денеска го одобри зголемувањето на буџетскиот дефицит на централната власт за 2020 година со рекордни 500 милијарди круни (21,21 милијарди американски долари) на првото од трите читања, бидејќи Владата бара дополнителни средства за зајакнување на економијата погодена од пандемијата на коронавирусот.

Владата претходно го зголеми планираниот дефицит на 200 милијарди круни, потоа на 300 милијарди, од почетното ниво од 40 милијарди круни.

Најновата предложена бројка одговара на износ од околу 9,0 проценти од очекуваниот бруто-домашен производ на земјата во 2020 година. Овде не се земени предвид потенцијалните дополнителни влијанија на зголемените буџетски расходи на локалните самоуправи, системот на здравствена заштита и други чинители на јавниот сектор.

Коронавирус