петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Чешка забрани влез за странци

Чешка забрани влез за странци

Чешките власти донесоа одлука за забрана за влез на странци кои не доаѓаат поради неопходни причини, со цел да се спречи пандемијата на коронавирусот.

Министерството за надворешни работи на Чешка соопшти дека забраната ќе стапи на сила денеска и дека ќе важи за сите земји.

Забраната не се однесува на оние кои работат или студираат во Чешка. На оние што ги посетуваат роднините или доаѓаат за здравствена заштита или присуствуваат на свадби и погреби, исто така им е дозволено да влезат во Чешка.

Забраната за влез е дел од низата строги мерки што се заоструваат актуелните.

Откако Чешка соопшти за рекорден број нови 18.000 заразени на 6 јануари, бројот на нови инфекции во еден ден постепено се намалува.

Тој пад, сепак, не беше доволен и бројот на новозаразени почна повторно да се зголемува оваа недела. (МИА)

Коронавирус