петок, 14. мај 2021. Вести денес: 24
home Вести

Чешка сака да ги купи вишокот вакцини „АстраЗенека“ од Данска

Чешка сака да ги купи вишокот вакцини „АстраЗенека“ од Данска

По одлуката на Данска да ја сопре употребата на вакцините против Ковид-19 „АстраЗенека“, Чешка изрази желба да го преземе вишокот неупотребени вакцини.

„Подготвени сме да ги купиме вакцините „АстраЗенека“ од Данска“, тврди чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек.

Вакцините „АстраЗенека“ се на удар последните денови, додека расте загриженоста дека со нивна употреба може да се предизвикаат смртоносни крввни згрутчувања. Неколку земји ја ограничија употребата на таа вакцина, но данска отиде чекор понапред и за сега во потполност ја сопре нивната употреба.

Чешка е спора во вакцинирањето

Но, понудата од Чешка покажува дека некои земји и понатаму сакаат да ги вакцинираат своите граѓани со таа вакцина. Засега не е јасно дали таквата продажба меѓу две земји е дозволена според правилаѕа на Европската Унија. Данска не ја исклучи можноста за повторна употреба на таа вакцина.

Чешката влада е критикувана дека е спора во вакцинирањето. Досега во потполност се вакцинирани 768.250 од 10,7 милиони Чеси.

Коронавирус