вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 71
home Вести

Чешка повлекува дипломат од амбасадата во Саудиска Арабија

Чешка повлекува дипломат од амбасадата во Саудиска Арабија

Чешка ќе повлече дипломат од амбасадата во Саудиска Арабија, како реакција на убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Томас Петричек.

Според портпаролката на Министерството, човекот за врска за земјоделство на чешката амбасада, кој бил поставен од чешкото Министерство за земјоделство ќе ја напушти амбасадата.

Убиството на Кашоги во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул предизвика критики од цел свет.

Саудиска Арабија, по повеќе од две недели, соопшти дека Кашоги бил убиен во конзулатот. (МИА)

Коронавирус