недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 160
home Вести

Чешка ја продолжи мерката за затворање на државата, рекорден број новозаразени

Чешка ја продолжи мерката за затворање на државата, рекорден број новозаразени

Чешката Влада ги продолжи мерките за затворање на државата до 22 јануари, откако во изминатите 24 часа е регистриран рекорден број новозаразени, втор ден по ред.

Министерството за здравство пријави рекордни 17.668 случаи на коронавирус, 300 повеќе од претходниот ден.

Министерот за здравство Јан Блатни денеска изјави дека Владата ги продолжила мерките до 22 јануари, кои првично требаше да завршат во недела.

Во Чешка, земја со 10,7 милиони жители, потврдени се 794.740 случаи, а починале 12.621 лице.

Коронавирус