четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 185
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром

home Вести

Чешка и Словенија укажуваат: Многу е мал бројот на лица кои имаат создадено имунитет на коронавирусот

Чешка и Словенија укажуваат: Многу е мал бројот на лица кои имаат создадено имунитет на коронавирусот

Најновите информации кои ги споделија властите во Чешка и Словенија укажуваат на фактот дека е мал бројот на лица кои успеале да создадат имунитет на коронавирусот.

Чешкото Министерство за здравство истакна дека имунитетот на новиот коронавирус во земјата се гради многу бавно и оти досега го стекнале не повеќе од 4 до 5 проценти од населението. Прелиминарните податоци доаѓаат од масовно тестирање на антитела што започна во април.

Првичните резултатите на словенечкото национално истражување за раширеноста на новиот коронавирус, покажуваат дека секој триесети граѓанин бил заразен со вирусот. Според портпаролот на Владата Јелко Кацин од направени 1.386 тестирања на граѓани по случаен избор, 41 биле позитивни односно кај нив биле пронајдени антитела на вирусот, а речиси сите биле без никакви симптоми.

– Овие резултати покажуваат дека многу е мал бројот на лица кои имаат создадено имунитет на коронавирусот. Тоа значи и дека не е се поминато и дека треба вистински да се подготвиме на вториот бран на заразата, изјави Кацин.

Парламентарни избори 2020