понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 97
home Вести

Чернобил е туристичка атракција: Не смее ништо да се допира и да се зема за дома, а еве колку чини турата

Чернобил е туристичка атракција: Не смее ништо да се допира и да се зема за дома, а еве колку чини турата

Хит серијата Чернобил, натера многу фанови да заминат во Украина и одблиску да ја видат најголемата нуклеарна катастрофа во историјата што ја потресе Европа во осумдесеттите години.

Посетата вклучува обиколка на градот Припијат кој се наоѓа непосредно до нуклеарната централа.

Тоа е град кој бил изграден во 1970 година од нула кога била направена централата за да се сместат работниците и ги нудел сите услови за живеење- згради, училишта, паркови, ресторани…

Кога хаваријата се случила целиот град бил испразнат. Во него се е оставено онака како што останало.

Сега градот го чува војската, а пак пристапот до централата е целосно забранет.

Инаку, за посета на туристите постојат строги правила- движење со водич во група и тоа само во места кои се претходно проверени. Но, ништо во градот не смее да се допира или пак да се носи дома за спомен. Турата чини од 80 до 130 евра, заинтересираноста е огромна.