среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 176
home Вести

Чавушоглу: Амбасадата на Турција во Кабул ќе продолжи да работи

Чавушоглу: Амбасадата на Турција во Кабул ќе продолжи да работи

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Амбасадата на Турција во Кабул ќе продолжи да работи и оти се преземени сите безбедносни мерки за турските дипломатски мисии во Авганистан, како и за нивниот персонал.

Тој додаде дека дипломатските мисии во Турција ќе продолжат да даваат конзуларни услуги.

Чавушоглу истакна дека турските власти продолжуваат да одржуваат контакти со соодветните структури во Авганистан за да гарантираат безбедност за оние турски граѓани кои одлучиле да останат во Авганистан.

Локални избори 2021