вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 56
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски од Штип

home Вести

Чамец со мигранти потона во Грција, се удавија три девојчиња и жена

Чамец со мигранти потона во Грција, се удавија три девојчиња и жена

Три девојчиња и една жена загинаа денеска кога чамецот со мигранти на кој се наоѓале потона кај грчкиот остров Хиос.

Најмалку едно лице од чамецот се води како исчезнато, а 22 се спасени, соопшти грчката крајбрежна стража.

14 мажи, седум жени и едно дете се спасени од чамецот, кој тргнал од Турција непосредно пред несреќата, пренесува Бета.

Девојчињата што загинаа беа на возраст од три до 14 години, соопштија властите.

Грчкиот министер за миграција Нотис Митараки ја обвини Турција дека не го следи спроведувањето на договорот со ЕУ од 2016 година, според кој Анкара треба да ги спречи барателите на азил да се движат кон ЕУ.

Грција беше главната точка за влез на мигранти и бегалци во ЕУ за време на кризата во 2015 и 2016 година, но нивниот прилив значително се намали во претходните две години поради построгите мерки.

Коронавирус