понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 135
home Вести

Церемонијата за доделување на Нобеловата награда во намалем обем

Церемонијата за доделување на Нобеловата награда во намалем обем

Церемонијата за доделување на Нобеловата награда за мир во 2020 година, која традиционално се одржува во Градското собрание на Осло на 10 декември, наместо тоа ќе се одржи во намален обем на градскиот универзитет, поради коронавирусот.

– Ова е чудна и предизвикувачка година од многу аспекти. Ние го доживуваме тоа како и многу други, но работите мора да се направат на нов начин, изјави за норвешката телевизија НРК Олав Нјоелстад, директор на норвешкиот институт за Нобелова награда, тело што ја надгледува Нобеловата награда за мир.

Церемониите за доделување на останатите награди за физика, хемија, физиологија, медицина, литература и економија ќе бидат претставени истиот ден во Стокхолм.

Организаторите исто така планираат помали церемонии поради пандемијата.

Постои одредена неизвесност дали победниците ќе можат да патуваат во Шведска.

– Ние ја истражуваме можноста за видео-врска до салата за состаноци во земјата на победникот. Исто така, присуството на претставник на Нобеловиот комитет што ќе ја додели наградата за мир ќе биде важно, рече Нјоелстад.

Тој додаде дека традиционалниот банкет и концерт кои се одржуваат по доделувањето на Нобеловата награда за мир се откажани. (МИА)

Коронавирус