сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 38
home Вести

Церар е среќен: Меланија Трамп не заборавила словенечки

Церар е среќен: Меланија Трамп не заборавила словенечки

Словенечкиот премиер Миро Церар е одушевен зашто американската прва дама, Меланија Трамп не заборавила да го говори мајчиниот јазик.

-Можеме да бидеме горди што првата дама на САД од Словенија не го заборавила словенечкиот јазик. Напротив, многу добро говори словенечки и секогаш е весела кога може да разговара за својата татковина, рече Церар по Самитот на НАТО во Брисел каде американскиот претседател Доналд Трамп ја доведе и својата сопруга, пренесува Фена.

Меланија Трамп е родена со Севница, но татковината ја напуштила во раната младост за да ја изгради манекенската кариера.

Во САД се омажи со сегашниот претседател со кој го има синот Барон.

Церар на Самитот во Брисел ја одведе и својата партнерка Мојча која учесвуваше во неформалната програма за дами, а имала прилика и да разговара со Меланија.

-Меланија сега добро ја запознавме и разговорите се секогаш многу удобни, а секако и дека разговараме на словенечки јазик, рече Церар, изразувајќи надеж оти американската прва дама ќе ја посети Словенија.

Коронавирус