петок, 17. септември 2021. Вести денес: 57
home Вести

Церар: Австриската вежба на границата е провокативна и непотребна

Церар: Австриската вежба на границата е провокативна и непотребна

Словенечкиот премиер во заминување, Миро Церар денеска изјави дека големата воена вежба на австриската полиција и војска долж словенечката граница е „донекаде провокативна”.

И покрај противењето на Словенија, австриските безбедносни сили на граничниот премин со Словенија Шплифелд денеска одржаа вежба, прикажувајќи итни мерки за спречување на илегалната миграција.

Во вежбата учествуваа околу 500 полицајци и 220 војници, како и воена опрема, вклучувајќи оклопни возила, како и хеликоптери на војската и полицијата на Австрија.

Церар изјави дека Словенија соодветно ги штити надворешните граници на Шенген зоната и дека поради тоа, воената вежба била непотребна.

(Миа)

Коронавирус