среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Вести

ЦЕНТРАЛНА АМЕРИКА: По една година истрага, уапсени 45 осомничени шверцери на луѓе

ЦЕНТРАЛНА АМЕРИКА: По една година истрага, уапсени 45 осомничени шверцери на луѓе

Истражителите во заедничка акција во Панама и Костарика уапсија 45 осомничени шверцери на луѓе, јави ДПА.

-Уапсените биле дел од мрежа што ги носи мигрантите кон САД од јужна Панама, преку Костарика за Никарагва, изјави на прес конференција панамскиот обвинител за организиран криминал, Емелдо Маркез.

– Истрагата траеше една година и доведе до апсење на 24 осомничени во Костарика и 21 во Панама, рече тој.

Осомничените шверцери, наводно, контактирале со мигрантите во прифатните центри во џунглата Дариен и им нуделе да ги земат со себе. Џунглата на границата меѓу Панама и Колумбија е многу опасна поради тешко пристапниот терен и поради бандите кои се активни во тој регион, пренесува ДПА.

Според Сојузот на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРК), само од јануари до август годинава, повеќе од 70.000 мигранти ја минале областа кон север, приближно колку во претходните пет години, а најмногу доаѓаат од Хаити или Куба. (МИА)

Локални избори 2021