четврток, 6. август 2020. Вести денес: 173
home Вести

Цените на нафтата паднаа под 43 долари, расте загриженоста поради ширењето на заразата

Цените на нафтата паднаа под 43 долари, расте загриженоста поради ширењето на заразата

Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска паднаа под 43 американски долари под притисок на новиот бран на пандемијата на коронавирусот во САД, за кој инвеститорите стравуваат дека може да го попречи закрепнувањето на побарувачката на енергенси.

Цената на барел на лондонската берза падна за 56 центи на 42,56 долари.

На американската берза барел денеска се тргуваше за 58 центи пониско, односно за 40,07 долари.

Берзит вчера беа охрабрени со податоци за 4,8 милиони нови работни места во САД во јуни и расположението беше поддржано со падот на американските залихи на нафта.

Денеска вниманието се префрли на повеќе од 55.000 новозаразени во САД, најмногу од почетокот на пандемијата. Се стравува дека ширењето на заразата може да ги присили компаниите да прекинат со работа.

Коронавирус