сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Цената на биткоинот над 40.000 долари

Цената на биткоинот над 40.000 долари

Цената на биткоинот го надмина нивото од 40.000 долари за време на денешното викенд тргување, објави порталот investing.com на својот профил на Твитер.

Според податоците од порталот, кој ги следи движењата на пазарите на криптовалути во реално време, со биткоинот се тргуваше на ниво од 40.187 долари, што претставува скок во вредност од 6,59 проценти.

Најголемата светска виртуелна валута се тргуваше под 38.000 американски долари пред три недели, стагнирајќи по краткорочниот пораст во претходниот период, кога првпат достигна ниво од 40.000 долари.

ЕУРО 2020

Македонија