сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 94
home Вести

Целиот свет се грижи за децата: Еве во каква здравствена состојба се спасени тајландските фудбалерчиња

Целиот свет се грижи за децата: Еве во каква здравствена состојба се спасени тајландските фудбалерчиња

Повеќето од децата кои се извлечени од пештерата во Тајланд во просек изгубија по 2 килограми за 17 дена, но се во добра општа состојба и не покажуваат знаци на стрес, изјави инспекторот од тајландското министерство за здравство, Тонгчај Лертвилаиратанапонг.

Спасувачите успеале вчера да го извлечат последниот од групата составена од 12 члена и нивниот тренер, кои повеќе од две недели поминаа во поплавената пештера.

-Според нашата проценка, тие се во добра состојба и не се под стрес. Повеќето од децата изгубија во просек по два килограми, изјави пред новинарите Лертвилаиратанапонг.