четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 95
home Вести

Бура ја погоди Велика Британија: Лондон пливаше во вода

Бура ја погоди Велика Британија: Лондон пливаше во вода

Бурата наречена Френсис, вчера ја погоди Велика Британија. Дуваше ветар со брзина од 120 километри на час, а поради огромната количина дожд, улиците на јужен Лондон беа поплавени.

Возачите едвај се пробиваа низ надојдената вода борејќи се со силниот ветар.

И за денеска беше најавено невреме, а прогностичарите предупрадуваат дека поради силниот ветар може да снема струја. Најсилни удари се очекуваат на подрачјето на Англија и Велс, во планините и на брегот.

Издадено е 30-часовно предупредување за обилен дожд за подрачјето на Северна Ирска, средишна Шкотска, северозападна Англија и Северен Велс. Се очекува да паднат повеќе од 90 мм дожд повеќе од просекот.

Коронавирус