сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бундестагот денеска ја одржува првата седница во новиот состав

Бундестагот денеска ја одржува првата седница во новиот состав

Во Германија денеска ќе се одржи конститутивната седница на новиот Бундестаг, јавија германските медиуми. Ова е последниот рок за негово одржување, бидејќи според германскиот Устав, првата седница на парламентот мора да се одржи најдоцна 30 дена по изборите.

Се очекува на денешната седница да се избере новото раководство на законодавното тело и да се договори деловникот. Социјалдемократската партија (СПД) го номинираше Бербел Бас за претседател на Бундестагот како победник на изборите.

Пред почетокот на конститутивната седница, во соборниот храм „Св. Марија “ во Берлин, се одржа екуменска служба за новоизбраните пратеници и претставниците на другите уставни тела на Германија.

Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер во попладневните часови на канцеларката Ангела Меркел и на другите членови на владата ќе им го врачи документот за оставка од функциите, бидејќи нивните мандати истекуваа со денешната конститутивна седница на новиот Бундестаг. На барање на претседателот, тие ќе можат да продолжат да дејствуваат привремено до формирање на нова влада.

Бројот на пратеници во германскиот парламент сега изнесува 736, што Бундестагот го сместува меѓу првите најбројни демократски избрани парламенти во светот. Ова предизвика Синдикатот на даночните обврзници синоќа да одржи протестна акција против проширувањето на собранискиот систав. Тие побараа законска реформа со која бројот на пратеници ќе се намали на 500, за Бундестагот да биде поефикасен, економичен и предвидлив.

-Гласачот мора да биде во срцето на законот како суверен, а не партискиот егоизам, изјавио Рајнер Холзнагел, претседател на Сојузот на даночните обврзници.

Според него, законската регулатива во сегашната форма е дополнително финансиско оптоварување за демократијата, а проширувањето на собранискиот состав од 598 на 736 пратеници ќе ги чини граѓаните дополнителни трошоци од 410 милиони евра.

Коронавирус