понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

Брзата вакцинација им помогна на Британците нагло да ја намалат стапката на зараза во март

Брзата вакцинација им помогна на Британците нагло да ја намалат стапката на зараза во март

Брзата вакцинација во Англија почна да дава позитивни резултати, па стапката на инфекција нагло падна во март, според податоците објавени денеска.

Студијата РЕАКТ, спроведена од научници од Кралскиот колеџ во Лондон, покажа дека бројот на заразени паднале за околу 60 проценти од последната студија во февруари, а сега во просек е заразен секој петстоти човек.

Пол Елиот, директор на програмата РЕАКТ, ја поздрави добрата вест за падот на бројот на заразени како индикатор „дека одиме во вистинската насока“.

Падот на новите инфекции е исто така последица на тримесечното затворање, рече тој, но и знак дека кампањата за вакцинација дала резултати.

„Бројот на заразените е најмал во групата што е најмногу вакцинирана, а тоа се, според нашите податоци, од 65 до 74 години и од 75 години па нагоре“ и „затоа мислам дека стореното сведочи… за ефектот од вакцинацијата“, рече тој пред новинарите.

Генерално, во Англија преваленцата падна од 0,49 во февруари на 0,20 во март.

Научниците од програмата РЕАКТ предупредуваат дека кон средината на март брзината на опаѓање на инфекцијата почнала да стагнира и овој тренд сега внимателно ќе се следи.

Многу училишта почнаа да се отвораат оваа недела, а ограничувањата дополнително ќе се намалат следната недела.

Студијата РЕАКТ е една од најголемите студии за ковид-19 во Англија со повеќе од 140.000 волонтери тестирани помеѓу 11 и 30 март, што беше последната рунда.

Министерот за здравство Мет Хенкок ги поздрави резултатите од студијата, велејќи дека „овие резултати се надежни и дека го покажуваат важниот ефект на блокадата во комбинација со нашата феноменална програма врз падот на стапката на заразените со овој ужасен вирус“.

Коронавирус