четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 20
home Вести

Брутални закани од џихадистите: Ќе го спречиме Евросонг!

Брутални закани од џихадистите: Ќе го спречиме Евросонг!

Палестинското движење на Исламскиот џихад од Појасот Газа се закани вчера дека ќе го спречи натпреварот за „Песна за Евровизија“, кој почнува за 10 дена во Израел, јавуваат „Тајмс оф Израел“.

Делегациите на учесниците на Евровизија вчера почнаа да пристигнуваат во земјата, а како што се очекува ова случување ќе привлече илјада туристи.

-Ќе го спречиме непријателот да успее во одржување на било каков фестивал, чија цел е да му нашкоди на палестинскиот народ, навел Исламскиот џихад во соопштението, објавено во моментот кога израелските воздухопловни сили започнале напади на повеќе десетина мети ширум Појасот Газа, како одговор на тоа што 150 ракети беа лансирани на територијата на Израел.

Во соопштението се наведува „отпорот задолжително да одговори на агресијата на непријателот и да го изненади“.