Бројот на жртви во разорниот земјотрес и цунами кои ги зафати Индонезија порасна на 1.400, соопштија утринава индонезиските власти.
ОН апелираа дека потребно е да се обезбеди хуманитарна помош за околу 200.000 загрозени жители, меѓу кои голем број се деца.
Уништени се околу 66.000 домови во градот Палу и околината. Властите стравуваат дека бројот на загинати може уште да расте.
loading...