понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 14
home Вести

Бројот на жртви во автобуска несреќа во Русија се зголеми на 19

Бројот на жртви во автобуска несреќа во Русија се зголеми на 19

Бројот на загинати во автобуската несреќа во Далечниот исток на Русија се искачи на 19, а 22 лица се повредени, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Меѓу загинатите има и две деца.

Несреќата се случи во регионот Трансбајкал кога автобус од мостот паднал во река.

Според портпаролот на Министерството, 14 повредени патници се хоспитализирани, а тројца се во сериозна состојба. Во несреќата загинал и возачот на автобусот.

Во автобусот имало вкупно 43 лица. Несреќата се случила откако пукнала гума по што возачот загубил контрола врз автобусот, изјави портпарол на локалната сообраќајна полиција.(МИА)