среда, 16. јануари 2019. Вести денес: 116
home Вести

Бројот на жртви од ураганот Флоренс во САД се искачи на 37

Бројот на жртви од ураганот Флоренс во САД се искачи на 37

Бројот на загинати при налетот на ураганот Флоренс на источниот брег на САД, се искачи на 37, додека 15.000 луѓе се уште не можат да се вратат во своите домови.

Поради обемната штета што ветрот и дождовите ја предизвикаа на надземната електродистрибутивна мрежа, над 200.000 луѓе во сојузната држава Северна Каролина се уште се без струја.

– Се уште ги чувствуваме последиците од бурата. Дождовите престанаа, но нивото на реките се уште расте и очекуваме нови поплави, изјави гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска треба да ја посети Северна Каролина, за лично да се увери во штетата и да се запознае со работата на федералните спасувачки служби.

МИА