недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 30
home Вести

Бројот на заразени во Белгија повторно загрижувачки расте

Бројот на заразени во Белгија повторно загрижувачки расте

По релативно стабилни неколку месеци Белгија повторно се соочува со загрижувачки раст на сите индикатори за коронавирусот, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Највеќе загрижува стапката на позитивност на тестовите која изнесува 5,57 отсто. Овој индикатор постојано расте веќе седум дена. Последен пат кога е забележан ваков постојан подем на стапката на позитивност е втори септември, непосредно пред вториот бран.

Бројот на хоспитализирани е исто така загрижувачки, порачуваат здравствените власти. Тука е регистриран раст од 19 отсто за последните седум во споредба со претходните седум. Оваа крива исто така дневно расте, што може да биде најава за нов бран.

Белгиската федерална влада минатата недела соопшти нови рестриктивни мерки, меѓу кои и забраната за патување, но не е исклучено во наредниот период да бидат донесени и нови одлуки, како на пример затворањето на училиштата, каде сè почесто се констатираат нови кластери.

Коронавирус