понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Вести

Бројот на заразени со коронавирусот во Словенија се искачи на 273

Бројот на заразени со коронавирусот во Словенија се искачи на 273

Институтот за јавно здравје на Словенија објави дека до 14 часот во земјата се потврдени 273 случаеви на лица заразени со новиот коронавирус.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, досега се направени вкупно 7.587 тестирања за вирусот.

Поради ширењето на Ковид-19 во Словенија се состана и Советот за национална безбедност во најширок состав во историјата на земјата. На прес конференцијата на присуствуваа претседателот на државата Борут Пахор, премиерот Јанез Јанша и претседателот на Собранието Игор Зочич, беше најавено дека во следните денови ќе се преземат уште радикални мерки со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Мерките се поделени во две категории и тоа една, во која ќе има брзи одлуки и друга што ќе значи носење закони со цел институционално да се олесни борбата со коронавирусот.

По состанокот беше објавено дека државата по итна постапка набавува заштитна опрема пред се за медицинскиот персонал и постарите лица и кога ќе стигне веднаш ќе биде распоредена таму каде што е најпотребна.

Веќе за утре е закажана првата вонредна собраниска седница на која ќе се гласаат закони кои се токму во насока за спречување на ширењето на заразата.

Од денеска Словенија го забрани и патничкиот авиосообраќај. (МИА)

Коронавирус