вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 5
home Вести

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 60 милиони

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 60 милиони

Бројот на лица заразени со коронавирус во светот синоќа надмина 60 милиони, покажуваат податоците објавени на веб-страницата „Ворлдметерс“.

Според тие податоци, бројот на заразени со коронавирусот во светот од почетокот на пандемијата достигна 60.040,652, од кои 1.413,206 луѓе починаа од последиците на инфекцијата, додека 41.467,789 пациенти оздравеа.

Водечка земја според бројот на заразени сè уште се САД со 12.923,878 случаи, веднаш пред Индија со 9.221,998 и Бразил, каде од почетокот на пандемијата се разболеле 6.118,708 лица.

Европската земја со најголем број на заразени сè уште е Франција, каде од почетокот на пандемијата се пријавени 2.153,815 случаи на коронавирус.

Коронавирус