среда, 15. јули 2020. Вести денес: 92
home Вести

Бројот на заразени со коронавирус во Русија надмина 450.000

Бројот на заразени со коронавирус во Русија надмина 450.000

Бројот на заразени со коронавирусот во Русија денеска надмина 450.000 лица.

Според рускиот кризен штаб, во последните 24 часа се пријавени 8.855 нови случаи, со што вкупниот број заразени изнесува 458.689.

Во соопштението се истакнува дека стапката на раст на бројот на заразени лица сè уште е два проценти.

Во последните 24 часа во Русија починале 197 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 5.725.