понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 9
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот е веќе над милион!

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот е веќе над милион!

Во целиот свет, 1.000.829 луѓе се заразени со новиот коронавирус, 51.356 лица починаа, додека 210.199 луѓе се опоравиле, покажуваат најновите податоци на веб-страницата „Worldometers“.

Најголем број се заразени во САД, Италија и Шпанија.

Само во изминатите 24 часа, во САД се пријавени 20.744 случаи, што го зголеми бројот на заразени на 235.747. Во САД денеска се пријавени 518 жртви, а вкупно починале од вирусот 5.620.

Во Италија се заразени 115.224 лица, 13.915 починале, во Шпанија 110.238 се разболеле и 10.096 ги загубиле животите.

Германија следува со 84.264 пациенти и 1.074 смртни случаи, додека Кина е на петтото место со 81.589 заразени и 3.318 жртви.

Меѓу првите десет земји по број на заразени се Франција со 59.105 заразени и 4.503 починати, Иран со 50.468 и 3.160 починати, Велика Британија со 33.718 пациенти и 2.921 починати, Швајцарија со 18.827 заразени и 536 починати и Турција со 18.757 заболени и 356 починати.

Коронавирус