недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 30
home Вести

Бројот на загинати во конфликтите во Триполи се искачи на 96

Бројот на загинати во конфликтите во Триполи се искачи на 96
epa06707117 A general view of the scene of a suicide attack at Libya's High National Election Commission (HNEC), Tripoli, Libya, 02 May 2018. According to reports, at least 12 people were killed and seven injured in an attack on the HNEC in Tripoli. The Islamic State (IS) claimed its responsibility for the attack. EPA-EFE/STR

Најмалку 96 лица, меѓу кои и цивили, загинаа во судир меѓу ривалските вооружени групи во главниот град на Либија, Триполи, соопштија денеска официјални лица.

Либиското Министерство за здравство соопшти дека во судирите од 26 август биле повредени 444 луѓе.

Како што се наведува, во вчерашните судири загинаа 11 лица, меѓу кои осум цивили, додека 33 лица се повредени.

Со тоа е прекинато примирјето договорено на почетокот на месецот.

Во Либија од 2011 година, кога беше соборен од власт долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, постојат две влади, една во Триполи, која има поддршка од ОН и друга на истокот на земјата.

Двете влади имаат поддршка од многу вооружени групи. (МИА)

Коронавирус