недела, 18. август 2019. Вести денес: 67
home Вести

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ РАСТЕ: 75 мртви во експлозијата на цистерна во Танзанија

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ РАСТЕ: 75 мртви во експлозијата на цистерна во Танзанија

Бројот на жртвите од експлозијата на цистерна со нафта во Танзанија се зголеми на 75, откако уште четири лица во болница им подлегнаа на повредите.

Поради несреќата, претседателот на таа земја Џон Магуфили прогласи национална жалост, а вчера и денеска се погребани настраданите.

Меѓу повредените, кои се здобија со тешки изгореници, има и лица кои се обидувале да го извлечат горивото од резервоарот по несреќата.