вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 147
home Вести

Бројот на смртни случаи во САД над 3.390

Бројот на смртни случаи во САД над 3.390

Во САД се регистрирани 3.393 смртни случаи поврзани со новиот коронавирус, што е над бројот на смртни случаи во Кина. Таа цифра ги става на третото место во светот зад Италија и Шпанија, јавија американски медиуми.

Здравствените власти ги повикаа Американците да ги почитуваат мерките за да спречат ширење на коронавирусот и да останат во своите домови.

Повеќе од 800.000 луѓе се заразени со Ковид-19 досега во светот и пријавени се повеќе од 39.000 смртни случаи.

Во Италија, 11.591 луѓе починаа од коронавирусот, и 8.198 во Шпанија.

Коронавирус