сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 25
Во живо

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТ ЗА ПОЛИКЛИНИКА ВО БУТЕЛ!

home Вести

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во светот над 700.000, најмногу во САД, Бразил и Индија

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во светот над 700.000, најмногу во САД, Бразил и Индија

Бројот на смртни случаи во светот од Ковид-19 веќе е над 700.000 денеска, а САД, Бразил, Индија и Мексико имаат најмногу смртни случаи од таа болест.

Во просек, речиси 5.900 луѓе умираат на секои 24 часа од Ковид-19, според проценките на западни медиуми, врз основа на податоците од изминатите две недели.

Ова е еквивалентно на 247 жртви на секој час или еден човек на секои 15 секунди.

САД и Латинска Америка се новите епицентри на пандемијата и се борат за контрола на ширењето на вирусот.

Коронавирусот првично пристигна побавно во Јужна Америка, каде живеат околу 640 милиони луѓе.

Повеќе од 100 милиони луѓе низ Јужна Америка и Карибите живеат во сиромашни квартови, според Програмата на ОН за човечки населби. Многумина работат во сивата економија, имаат слаб пристап до мрежата за социјално осигурување и продолжуваат да работат и покрај пандемијата. (MИА)

Коронавирус