четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 99
home Вести

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Индија надмина 30.000

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Индија надмина 30.000

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Индија достигна 30.601, а за една ноќ се регистрирани околу 50.000 новозаразени, покажуваат официјални податоци.

Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 740 нови смртни случаи од вирусот и 49.310 новозаразени, соопшти индиското Министерство за здравство.

Многу експерти тврдат дека бројот на заразени може да е многу поголем од официјалните статистики, со оглед на тоа што во земјата не се прават доволно тестови.

Испитувањата за антитела, кои ги нарача Владата, оваа недела покажаа дека речиси една четвртина од луѓето во Њу Делхи го имале вирусот, што е речиси 40 пати повеќе од официалната бројка.

Коронавирус