среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 75
home Вести

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Европа надмина 120.000

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Европа надмина 120.000

Новиот коронавирус уби повеќе од 120.000 луѓе во Европа, а повеќе од три четвртини од смртните случаи се во Италија, Франција, Шпанија и Велика Британија, објави АФП.

Агенцијата ги базира своите информации со агрегирање на официјални податоци, пренесуваат медиумите.

Со 120.140 смртни случаи и 1.344.117 заразени случаи, Европа е континентот најсилно погоден од пандемијата што се појави кон крајот на минатата година.

Италија има најголем број смртни случаи – 25.969, по што следат Шпанија со 22.902, Франција со 22.245 и Велика Британија со 19.506.

Коронавирус