вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 88
home Вести

Бројот на салафисти во Германија е двојно зголемен од 2013 година

Бројот на салафисти во Германија е двојно зголемен од 2013 година

Бројот на луѓе во Германија кои се изјасниле како салафисти – следбеници на крајно конзервативна форма на сунитски ислам, во изминатите пет години двојно се зголемил, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.

Според најновите податоци, околу 11.000 луѓе во Германија се изјасниле како салафисти. Во 2013 година, нивниот број изнесувал околу 5.500 лица.

Експерти за весникот „Тагесшпигел“ изјавиле дека сепак бројот на новопривлечени луѓе во салафизмот во изминатите неколку месеци е намален поради територијалните загуби на радикалната група „Исламска држава“ во Сирија.

Според германското внатрешно разузнавање, најголемо зголемување на салафистите е регистрирано во реоните на Берлин и Хамбург.

Иако салафистите во Германија имаат буквалистичко, строго и пуританско толкување на исламот, сите не го поддржуваат насилниот џихад. Според најновите податоци на германското внатрешно разузнавање, во земјата има 760 лица кои се подготвени и способни да извршат терористички напади. Од нив, 153 се во затвор.  (МИА)

Коронавирус