сабота, 21. мај 2022. Вести денес: 51
home Вести

Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 360 милиони

Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 360 милиони

Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 360 милиони, а бројот на починати – 5,62 милиони, соопшти Светската здравствена организација. Според податоците што ги објави синоќа, досега се регистрирани 360.578.392 заразени и 5.620.865 починати.

Во изминатите 24 часа бројот на заболени е зголемен за 3.395.352, а на починати за 10.176. Рекорден за целиот период на пандемијата Ковид-19 е регистриран на 26 јануари, кога за 24 часа се идентификувани 3.962.990 нови инфекции. Статистиката на СЗО ги зема предвид само официјално потврдените информации за заразени и починати лица обезбедени од земјите.

САД имаат најголем број по тврдени случаи – 71.812.665, потоа Индија (40.371.500), Бразил (24.311.317), Франција (17.252.793) и Велика Британија (16.149.323). САД соопштија за најголем број смртни случаи – 866.039, следат Бразил (623.843) и Индија (491.700), Русија (328.770) и Мексико (303.776).

Коронавирус