понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Бројот на починати во САД од коронаворусот надмина 70.000 лица

Бројот на починати во САД од коронаворусот надмина 70.000 лица

Бројот на умрени од коронаваирусот во САД денеска ја надмина бројката од 70.000 лица.

Според податоците објавени на веб-страницата „Worldometers“, во САД од Ковид -19 умреле 71.148 лица.

Речиси 1,2 милиони лица во САД се позитивни за вирусот, што е повеќе отколку вкупната бројка во Шпанија, Италија, Велика Британија, Франција и Германија.

Според Универзитетот во Вашингтон, проценетата бројка на смртни случаи до 4 август сега е двојно зголемена и ќе изнесува на 134.000, пренесуваат британските медиуми.

Епидемијата на коронавирусот во САД е посмртоносна од кој било сезонски грип од 1967 година, кога починаа околу 100.000 лица.

Бројот на умрени од Ковид-19, мисто така, е поголем од бројот на американски жртви за време на војната во Виетнам, во која животот го загубија 58.220 Американци.

ЕУРО 2020

Македонија