среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

Бројот на починати од земјотресот во Измир се искачи на 14 лица

Бројот на починати од земјотресот во Измир се искачи на 14 лица

Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала, бил во Егејското море, 17 километри од брегот на Измир.

Две деца загинаа на островот Самос, кој припаѓа на Грција, откако се урнал ѕид.

Турската агенција за справување со катастрофи и вонредни ситуации објави дека во земјата има 12 загинати и 419 повредени. Едно лице се удавило.

Земјотресот најтешко го погодил Измир, третиот најголем град во Турција. Најмалку 20 згради се урнале, а се стравува дека бројот на починати ќе се зголемува. Неколку рибари се водат како исчезнати откаок земјотресот го покачил и нивото на морето.

Коронавирус