сабота, 10. април 2021. Вести денес: 65
home Вести

Бројот на новозаразени со корона вирус во оваа европска земја вртоглаво расте, до сега починале над 25 илјади лица

Бројот на новозаразени со корона вирус во оваа европска земја вртоглаво расте, до сега починале над 25 илјади лица

Украинскиот министер за здравство Максим Степанов денеска соопшти дека земјата регистрирала скок од речиси 40 отсто на нови случаи на коронавирус во текот на изминатите 24 часа, токму на денот кога владата ја почнува кампања за имунизација против Ковид-19, пренесуваат британските медиуми.

Министерот на Фејсбук потврди дека вчера се регистрирани 8.147 нови случаи, за разлика од 5.850 претходниот ден, и дека ова е најголема бројка на новоинфицирани од средината на јануари, кога имаше 8.199 нови случаи на заразени.

Податоците на министерството покажуваат дека повеќето нови случаи се регистрирани во западниот дел на земјата и во главниот град Киев, а до денеска Украина пријавила вкупно 1.325.841 случаи на инфекции и 25.596 смртни случаи од Ковид-19.

Во земјата вчера почна кампањата за имунизација против Ковид-19, кога првите 159 медицински работници ја примија вакцината на „АстраЗенека“, што во вторникот пристигна од Индија, јавуваат британските меидуми.

Коронавирус